Петти ден по ред Русија достигнува црни рекордни бројки во однос на смртните случаи, откако во последните 24 часа се регистрирани нови 697 смртни случаи поврзани со заразата со Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Владината работна група за коронавирус пријави 24.439 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на јануари.

За вака драматичното зголемување на новозаразени и умрени лица од Ковид-19 руските официјални лица ја посочуваат делта варијантата на вирусот, што за првпат беше регистриран во Индија.