Во општина Шуто Оризари, предвидените мерки од Планот за чист воздух ќе опфатат промена на старите прозорци и врати во зградата на општината, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, со што ќе се овозможи заштеда на топлинска енергија, како и заштеда на општинските буџетски средства, објави денеска заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули.

– Поддршката што општината ја доби од Планот за чист воздух, за реализација на оваа мерка е во вредност од еден милион денари. Дополнително од Планот за чист воздух, за Општина Шуто Оризари се издвоени 500 илјади денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворната површина со зелена површина во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид”, објави Макрадули на Фејсбук.

Со владиниот План за чист воздух Макрадули објави и заеднички фотографии со градоначалникот на Шуто Оризари и негов сопартиец, Курто Дудуш.