Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места. Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти, истакна на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%.

На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните, порача Петрушевски.