Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1.198 која содржи точно 1.198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби, велат во соопштението од партија.

Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.

Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот.

Програмата има мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.

Пред образлагањето на главните проекти денес ќе се одржат 5 програмски дебати за програмата колку и што има столбови на програмата врз која таа се потпира.

Платформата 1198 опфаќа се од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред, европски вредности кон кои што се стремиме.

Ова е програма што го става граѓаниот на прво место, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.