Американската штафета утрово постави нов светски рекорд на Олимпијадата во Токио во пливачката дисциплина 4х100 метри мешано.

Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки.

Сребрениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија (Лук Гринбанк, Адам Пети, Џејмс Гај, Данкан Скот) – 3.27.51 минути.

Трета беше Италија (Томас Чекон, Николо Мартинеги, Федерико Бурдисо, Алесандро Миреси) – 3.29.17 минути.