Велика Британија одби да му гарантира целосен дипломатски статус на амбасадорот на Европската Унија во Лондон, јави Би-Би-Си.
Британското Министерство за надворешни работи одби да гарантира еднаков дипломатски статус и привилегии на амбасадорот на ЕУ, Жоао Вале де Алмеиди и неговите соработници, какви што имаат дипломатите од другите земји.
Како причина за одбивањето на Форин офисот се наведува дека ЕУ не е национална држава.
ЕУ има 143 делегации ширум светот и сите тие имаат статус на дипломатски мисии во државиоте домаќин и имаат целосен дипломатски статус.
– Предлозите на Лондон не се разумна основа за договор, напиша Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во писмото до шефот на бриотанската дипломатија Доминик Раб.
Британците на референдум во 2016 година се изјаснија за излегување од ЕУ, а на 31 декември минатата година Обединетото Кралство по 46 години членство ја напушти Унијата.