Една од најпознатите манекенки која имаше над четириесет насловни страници за најпрестижните модни списанија во нејзините дваесетти години, се дружеше со Грејс Џонс и Џесика Ланг, предизвика епско непријателство помеѓу Мик Џегер и Брајан Фери, наполни 65 години.

Покрај модните писти и ревиите на познати модни дизајнери, ја видовме и во филмови, а нејзиниот танц во видеото на Брајан Фери “Let’s Stick Together” сè уште ја скокотка фантазијата на мажите.

Џери Хол е најдолгата врска на Џегер. Мик почна да се гледа со оваа Тексашанка кон крајот на 1977 година, додека сè уште беше во брак со Бјанка, а таа беше свршеница на Брајан Фери.

Таа, наводно, била инспирација за култната песна на Стоунс “Miss You”.

Во моментот кога се запозна со Џегер, таа беше една од најплатените фотомодели во светот и важеше за многу влијателна жена во светот на шоу-бизнисот.

Во врската со Џегер, таа роди четири деца.

Тие се разведоа во 1999 година, кога бразилската фото-моделка Лусијана Хименез објави дека ќе роди дете чиј татко е пејачот на Ролинг Стоунс. Џери Хол и Мик Џегер долго живееја заедно невенчани во Ричмонд (Лондон). За време на бракот со Џери, од 1991 до 1994 година, тој имаше врска со италијанската пејачка и модел Карла Бруни, која подоцна стана прва дама на Франција. Џери дозна за врската и интервенираше, а Карла подоцна рече: „Можеби бил со уште десет жени додека беше со мене“.

Џери имала свои пари, што значи дека скапоценото богатство на Џегер било безбедно, но сепак страдала од неговите врски со многу помладите жени кои тој и понатаму ги има. Мик и Џери направија свадбена церемонија на плажа во Бали во 1990 година. Сепак, овој брак беше прогласен за незаконски за време на нивниот развод од Високиот суд во Англија во 1999 година, па бракот беше поништен „со заеднички договор“.

Порамнувањето од пет милиони долари со вилата во Ричмонд пред Лондон, Џери Хол го опиша како „многу, многу дарежливо“.

“Секако дека Мик често разговара со децата. Тој е навистина прекрасен татко”, вели Џери Хол, додавајќи дека има и многу добри односи со него затоа што покрај четири деца, тие се пријатели и 30 години.

Но, Џери Хол вели дека Мик бил многу лош сопруг. Во 2016 година, Џери Хол се омажи за мултимилијардерот Руперт Мардок.