Владата на Северна ја смени фотографијата од Германија со која го промовира домашниот туризам, по бурните реакции на ајвноста која два дена с еподбива со Владата и Министерстото за економија.

Реагираше и фотографот кој ја споделил фотографијата на интернет, кој рече дека “умрел од смеење“ кога видел што направила македонската Влада.

Од Министерството испратија соопштение како да мислат дека направиле “ситна грешка“, и велат дека ја замениле фотографијата, а конкретната фотографија била употребена за да не се губело време.

Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени  фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.