Американскиот производител на авиони Боинг соопшти дека истрагата утврдила „абење на металот“ на нивниот авион 777, на кого му откажа еден од моторите набрзо по полетувањето во Денвер и препорача привремено приземјување на сите латала од тој тип.
Истрагата докажа дека една од перките на вентилаторот откажала поради абење на металот.
Боинг соопшти дека 128 авини Боинг 777 се приземјени се додека не бидат извршени сите потребни инспекции.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) вчера нареди итни инспекција на авионите Боинг 777 откако во саботата делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо
Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што Боинг 777-200 беше принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.
Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.