Откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин, тој не смее да патува во повеќе земји, меѓу кои е и Македонија.
МКС нема овластување да апси осомничени во Русија, но по оваа одлука Путин нема да може да оди во земји кои ја признаваат јурисдикцијата на судот во Хаг, меѓу кои е и нашата земја.
Налогот мора да го почитуваат сите држави кои го потпишале договорот со кој е основан судот, а Русија не е потписничка на истиот.
Меѓу потписничките се 33 африкански, 19 азиски, 18 источноевропски и 28 земји од Јужна Америка, како и 25 западноевропски и други земји.
Римскиот статут, по абучен ред го имаат потпишано: Албанија, Андора, Антигва и Барбуда, Аргентина, Австралија, Австрија, Авганистан, Бангладеш, Барбадос, Белгија, Белизе, Бенин, Боливија, Босна и Херцеговина, Боцвана, Бразил, Бугарија, Буркина Фасо , Кејп Верде, Камбоџа, Канада, Централноафриканска Република, Чад, Чиле, Колумбија, Коморските Острови, Конго, Кукови Острови, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Конго, Данска, Џибути, Доминика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Естонија, Фиџи, Финска, Франција, Габон, Гамбија, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Гвајана, Хондурас, Унгарија, Исланд, Република Ирска, Италија, Јапонија, Јордан, Кенија , Кирибати, Латвија, Литванија, Лесото, Луксембург, Либерија, Лихтенштајн, Мадагаскар,Македонија, Малта, Монголија, Малави, Маршалските Острови, Црна Гора, Малдиви, Маурициус, Мали, Мексико, Намибија, Науру, Нигер, Нигерија,Холандија Зеланд, Норвешка, Панама, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, Јужна Кореја, Молдавија a, Романија, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Самоа, Сан Марино, Сенегал, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Палестина, Суринам, Шведска, Швајцарија, Таџикистан , Источен Тимор, Тринидад и Тобаго, Тулис, Уганда, Велика Британија, Танзанија, Уругвај, Вануату, Венецуела и Замбија.