Компанијата „Самсунг“ денеска ја претстави новата „Galaxy Note 10“ и „Galaxy Note 10+“ серија на паметни телефони пред домашната јавност во Скопје, по само неколку дена од светската премиера во Њујорк.
Новите серии на телефони имаат надграден „Dynamic AMOLED“ екран, професионална камера, подобрен „S Pen“, брзо полнење, поврзаност со други уреди како гаранција на корисниците дека уредот ќе биде во можност да ја исполни задачата, без разлика дали е тоа пишување белешки на работен состанок, уредување на креативно видео или едноставно пребарување на интернет.
Директорот на продажба на IM сегментот на пазарот на земјава, Косово и Албанија на компанијата „Samsung Electronics Adriatic“, Марјан Блажески, истакна дека уште од самиот почеток, „Note“ серијата претставува симбол на врвни перформанси, што на корисниците секогаш им го нуди она што им е потребно за да станат најдобрата верзија од себеси.
-„Galaxy Note 10“ и „Note 10+“ продолжуваат со традицијата на спроведување на иновација во полето на паметни телефони, обезбедувајќи им на корисниците исклучителни можности со „S Pen“, професионалната камера и одличната поврзаност со други уреди, за целосно доживување и автентично „Galaxy“ искуство, изјави Блажески, додавајќи дека преку веб-страницата на Самсунг, корисниците ќе можат на едноставен начин да се информираат за големиот број на најразлични уреди и да извршат купување со само неколку клика на еден од партнерските сајтови.
Тој појасни дека двете серии се спој на најнапредниот хардвер и софтвер што го има кај денешните паметни телефони, со „Dynamic AMOLED“ екран со „HDR10+“ сертификат и пресликување на тонови кои ги прават фотографиите и видео материјалите посветли за разлика од претходните „Note уреди“, и имаат широк спектар на бои.
Како што беше истакнато на промоцијата, камерата на новиот „Galaxy Note10“ уред на корисниците им дава можност да снимаат видео со професионален квалитет без потреба со себе да носат додатна опрема. „Video editor“ овозможува уредување на снимките со помош на „S Pen“ и наместо постојано да кликаат на снимката за да ја прегледат и уредат, корисниците можат прецизно да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат.
„Galaxy Note10“ ја интегрира врзаноста со Windows директно во Quick Panel апликацијата. Со еден клик корисниците можат да се поврзат со својот Windows 10 компјутер. На истата може да ги видат известувањата, праќаат и примаат пораки и да ги прегледаат фотографиите без да гледаат во телефонот, согласно потребите на современиот потрошувач кој бара непречено и неограничено искуство на поврзаност помеѓу своите уреди.
Серијата „Galaxy Note10“ ќе биде достапен во аура сјајна, аура розева и аура црна боја, додека „Galaxy Note10+“ ќе биде достапен во аура сјајна, аура бела и аура црна боја од 23. август.