Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски – Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова -Ефремова.

Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски – Боки 13 е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од сеудм години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.