Лекот сумамед ќе биде повлечен од слободна продажба и од сега ќе се издава само со рецепт и на товар на Фондот за здравство поради тоа што се купувал во огромни количини, по вестите дека помага во лекувањето на коронавирусот.

Лекот против маларија – кинин, пак, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, со кои може да се третираат околу 10.000 пациенти, брифираат од Владата.

За мерките што ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Владата информираат дека тоа биле предлози на СДСМ и дека ќе бидат разгледани на Економскиот совет што е формиран. Имало предлози и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Стопанска комора и други институции.

Личниот став за овие прашара техничкиот премиер Спасовски ќе го кажел на седница на Владата.

Во врска со коронавирусот од Владата брифираат дека во Македонија немало автохтоно жариште, тоест сите случаи досега биле „увезени или пренесени“ од заразени.

Позитивни оценки за овој лек, што се произведува во Хрватска, деновиве имаше од стручњаци, како и од претседателот на САД, Доналд Трамп.