Али Вилис – композиторката на легендарната песна од „Пријатели“ – „I’ll Be There for You“, почина на 72-годишна возраст. Тажната вест на Инстаграм ја соопшти нејзината долгогодишна партнерка Пруденс Фентон.

Вилис учествуваше во компонирањето на музиката во бродвејскиот мјузикл „Бојата на пурпурот“ (The Color Purple), онаа во филмот „Полицаецот од Беверли Хилс“ (Beverly Hills Cop) и многу други.