Почина д-р. Тодор Ношпал – ортопедски хирург, субспецијалист, роден 03.03.1962 година.

Тој беше раководител на коскена банка, раководител на Амбулантно-поликлиничкото одделение, раководител на Отсек за тотални протези на колк, колено и ревизии на тотални протези, Раководител на Одделение за алоартропластика на колено и ревизии на ендопротези.

На последните локални избори во 2021 тој беше кандидат на Интегра за градоначалник на Скопје.

Извесен период беше и официјален доктор на А-тимот на Македонската кошаркарска репрезентација.

Веста ја објави на својот фејсбук профил Др. Александар Караевски негов пријател.

-Ме научи многу за ортопедијата но и животот… Човек за кого Мy Way од Синатра беше начин на живот… Ти благодарам за се и збогум учителе, збогум пријателе, збогум Тоде. Прим. Др Тодор Ношпал – Вечна ти слава, напиша тој.