Оливија Њутн-Џон почина денеска на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката.
Актерката утрово мирно почина во својот дом во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави веста за нејзината смрт на нејзината Фејсбук страница.
Семејството побара наместо цвеќе да се донира за нејзината организација за борба против ракот.
Таа водеше борба со ракот на градите 30 години.