Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, кој е еден од шесте починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, имал Даунов синдром, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Пациентот, како што посочија, во тешка општа состојба бил примен на 16 јули во Градската општа болница „8 Септември“.