По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20.000 првачиња.

Наставниците го продолжуваат второто полугодие со 10 отсто повисоки плати од јануари, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Автобусите на скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) од денеска ќе сообраќаат по вообичаениот зимски возен ред кој досега беше редуциран поради зимскиот училишен распуст.

Од ЈСП посочуваат дека од денеска продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз.