Помина една година, а веќе ретко кој се уште не ја препозна големата лага на СДСМ, гласи пораката на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранашен премиер Никола Груевски, со поддршка за вечерашниот сенароден протест на оваа партија.
На Фејсбук тој повика на сенародниот протест кој вечерва во 20 часот почнува пред Владата во Скопје.
– Помина една година, а веќе ретко кој се уште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир. Македонија ќе победи!- се вели во пораката од Груевски.