Македонската заедница во Франција денс во 14 часот во Париз организираше протест под мотото „Нашето име е Република Македонија“.

Со мирниот протест одржан на Трокадеро, Македонците од Франција, но и од регионот му даваат поддршка на денешниот протест пред Владата во Скопје, кој го организира ВМРО-ДПМНЕ.

Во прогласот кој беше упатен за париските протести беше наведено дека „Македонците го споделуваат единството во одбрана на името и идентитето на нацијата“.

„Потребни сме и на татковината, за спас на Републиката“, се вели во прогласот на Македонската заедница од Франција.