Првите тужби против грчките власти за катастрофалните пожари во Атика се поднесени денес, објавија грчкимедиуми.

Во пожарите загинаа најмалку 90 лица, а по уште седуммина уште се трага.

Тужбите се поднесени против генералниот секретар на Цивилната заштита, Јанис Капакис, регионалниот гувернер на Атика, Рена Дору, градоначалникот на Маратон, Илијас Псинакис како и против други пониско рангирани службеници, офицери на протипожарната заштита и поицијата.

Тужбите се поднесени од роднини на жртви кои ги загубија животите во Неос Вуѕас, североситочно од Атика.