Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува на редовните физички подготовки на дел од армиските единици кои се одвиваат на Воениот стадион-Скопје.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на настанот ќе биде промовирана и новата спортска опрема, која што се состои од 6.800 комплети горни и долни тренерки, атлетски патики и спортски торби.