Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само врз основа на меѓународното право, изјави синоќа шефот на кабинет на украинскиот претседател, Михаил Подољак.
Неопходно е Русија да се принуди да почне вистински преговори, рече Подољак, пренесе Униан.
– Руската пропаганда троши многу пари за да создаде впечаток – војна е, ние сме подготвени за преговори, но Украина не. Преговорите секако се неопходни, но важно е да се види под кои услови и врз која основа ќе се одвиваат преговорите. А главната работа на овој концепт (на меѓународното право) е територијалниот интегритет и субјективитет, суверенитетот на државата, наведе Подољак.
Тој истакна дека преговорите ќе бидат плодни само доколку профункционираат механизмите за принудување на Русија на мир.
– Треба да има многу повеќе испораки на оружје за Украина, особено сите ограничувања, неформални или формални, за удари врз воената инфраструктура, каде и да се наоѓаат во Русија, мора да бидат укинати. Исто така, неопходно е економските санкции да функционираат многу подобро отколку денеска, додаде тој.