Повеќе портали водени од човек близок до ДУИ го собрале кајмакот од платените изборни реклами со државни пари во интернет-просторот на последните избори лани во октомври, открива БИРН.

Според авторот на текстот овој случај ги илустрира ефектите од моделот воведен во 2018 година, државата во име на партиите да ги плаќа изборните реклами, што според еснафот и критичарите има сериозни недостатоци што го поттикнуваат и го негуваат клиентелизмот на релација партии и медиуми.

,,Рами Мислими работи во Општина Тетово и паралелно „турка“ новинарска кариера преку порталот tetovasot.com. Вработен е во 2012 година, а од доаѓањето на новиот градоначалник Биљал Касами од Беса, Мислими бил на боледување, а сега побарал неплатено отсуство.

Четирите портали во предизборието објавувале банери само на ДУИ и за услугата од државата – а во име на партијата ја добиле максималната сума од 15.000 евра плус ДДВ

Освен tetovasot.com, фирмата со исто име „Тетова-сот медиа“ обединува уште три портали – bild.mk, indeks.mk и ts.mk. Компанијата формално е на име на братот на Реми, Тефик, меѓутоа во новинарската заедница тој е познат како „новинар и сопственик на порталот Тетова-сот“.

Четирите портали во предизборието објавувале банери само на ДУИ и за услугата од државата – а во име на партијата ја добиле максималната сума од 15.000 евра плус ДДВ, односно фирмата „Тетова-сот медиа“ вкупно инкасирала 70.600 евра.

Ниту едно правно лице што управува информативен веб-портал или портали не добило ни приближна сума од изборниот буџет. Четирите сајта на семејството Мислими се единствените што ја добиле максималната сума за партиско рекламирање на сајтови.

Рами Мислими не ја крие наклонетоста кон владејачката партија од Мала Речица. Тој на својот фејсбук-профил објавува фотографии со Али Ахмети и со министри на ДУИ, но и исмева политичари, како Арбен Таравари, генсекот на опозициската Алијанса за Албанците.

„Ја затвораме 2021 со оваа фотографија, a 2022 ќе биде добра година за Албанците секаде“, напишал Мислими во постот под кој ја објавил фотографијата на која е заедно со лидерот на ДУИ.

Рами Мислими работи во Општина Тетово и паралелно „турка“ новинарска кариера преку порталот tetovasot.com

Мислими е човекот што во 2018 година, Артан Груби, како пратеник на ДУИ, го предложи за член на комисијата што ја доделува државната награда за новинарство и публицистика – Мито Хаџи Василев Јасмин.

Во 2018 година, Порталб МК објави дека членувањето на Мислими во комисијата за доделување на државната награда Мито Хаџивасилев Јасмин е резултат на интервенција на Артан Груби. Според овој извор, иницијално Мислими не бил на листата предложена од Министерството за култура, меѓутоа Груби го искористил пратеничкото право да го предложи наместо новинарот што бил сугестија на министерството.

Медиумите што ги води Рами Мислими се наклонети кон интегративците и посебно критични кон опозицијата во албанскиот политички блок, најмногу кон Алијансата за Албанците”, пишува БИРН.

Целото истражување во кое има информации и за други медиуми и партии на овој ЛИНК