Лошата политичка почва не дава плодови за граѓаните, но таа може да раѓа квалитетна политичка сатира, преку текст, цртеж или фотомонтажи.

Тоа се потврдува и сега. Незадоволството кај граѓаните, и авторите, од тоа што се случува во општетсвото наидува на остри критики, потсмев и исмевање.

Еден од тие производи што ги предизвикува власта кај граѓаните и авторите на политички хумор и сатира е и карикатурата со наслов „Музеј на северџанската борба“, позајмена од неименуван автор на Фејсбук.