Додека во македонските затвори лежат Македонци на кои најголемата вина им е тоа што се патриоти и не ја прифаќаат политичката агенда на актуелната власт, на слобода се шетаат голем број осудени за криминал во Република Македонија.

Актуелната власт која со сите сили се бори патриотите да останат в затвор и да се спречи секакво амнестирање, таа помилува голем број затвореници или ослободи од обвиненија лица кои и беа потребни за остварување на политичката агенда за менување на Уставот на Република Македонија и нејзиното име.

Со доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев, повеќе лица со правосилни пресуди, беа ослободени покрај другото и „поради лекување“. Еден од нив е и Бајруш Сејдиу од Куманово, за кого со потсмев на социјалните мрежи има коментари дека „два месеца“ траат „две години“.

За потсетување на јавноста ја преобјавуваме оваа вест, што е објавена на 18 септември 2017 година во повеќе медиуми:

„Од затворот во Штип, денеска претпладне е пуштен Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври. Привремениот прекин е од медицински причини. Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години“, гласи веста објавена пред речиси две години.

Деновиве на Фејсбук беше објавено дека Сејдиу бил виден на митинзите на СДСМ во кампањата за претседателските избори.