Министерство за одбрана на Полска одобри испраќање дополнителни војници на границата со Белорусија на барање на граничната служба, јавија полските медиуми.

Министерството соопшти дека поради динамичната ситуација на полско-белоруската граница, наредило распоредување на дополнителни војници кои ќе патролираат долж границата.

Полската гранична служба побара од Министерството за одбрана да испрати дополнителни 1.000 војници на границата, изјави во понеделникот заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Воншик поради зголемените обиди за илегално преминување на границата