Како Македонска заедница во Малта на вчерашната средба на нашиот централен одбор дискутиравме и за иницијативана на дел од нашите членови за приклучување на иницијтативата за спас на Ракометниот клуб Вардар, објавија Македонците од Малта.

Тие на Фејсбук објавија дека сите информации за помош и слично може да се најдат на страницата на која ја споделуваат „Иницијативата за спас на РК Вардар“.

– Приклучете се и вие сите да придонесеме за нашта македонска гордост да не згасне. Воедно ние како заедница ќе донираме финансиски средства штом добиеме информации за начинот и постапката за уплата на истите од страна на иницијативниот одбор. До скорешни нови победи, порачуваат од  Македонска заедница во Малта, на нивната Фејсбук страница.