Црвениот крст на Македонија организира помош за настраданото население од поплавите што на 10 септември зафатија повеќе градови во Либија, каде што бројот на загинати лица досега достигна до 5000, додека 10 000 луѓе се водат како исчезнати.

Во знак на солидарност со тамошното население, Црвениот крст објави дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

–  сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија.

–       како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

–       За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

-Катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се  значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа.  Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5000 загинати луѓе.  Поплавата предизвикана од силната бура ги сруши браните, предизвикувајќи порој од вода и опустоши четвртина и повеќе од градот Дерна, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители, улиците се покриени со урнатини, кал и шут. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати, велат од Црвен крст.