Најмалку 30 лица загинаа, а 25 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во централната индонезиска провинција Јужна Сулавези, соопшти денеска Национална агенција за несреќи.

Десет дистрикти и градови во провинцијата Јужна Сулавези, вклучувајќи го и главниот град Макасар, се погодени од поплави кои почнаа во вторникот доцна навечер, поради што повеќе од 3.000 луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови.

Смртоносни свлечишта и поплави се чести појави за време на сезонските дождови во Индонезија.