Британија го поддржува опозицскиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо како претседател на демократски избраното Национално собрание, соопшти денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј, истакнувајќи дека претседателските избори одржани во Венецуела во 2018 ние беа ниту слободни, ниту фер.

– Во целост го поддржуваме демократски избраното Национално собрание со Хуан Гуаидо како претседател, истакна портпаролот.

Според него, Британија ја смета за сосема неприфатлива одлуката на Венецуела за прекин на дипломатските односи со САД.