На повеќе од 1,3 милиони жители на јужниот јапонски остров Кјушу денеска им било кажано да ги напуштат своите домови поради обилниот дожд што ја зафати областа.

Во меѓувреме, бројот на загинати во свлечишта предизвикани од дождот се зголеми на 50, соопштија локалните власти.

Јапонската метеоролошка агенција вчера издаде предупредување за вонредни состојби предизвикани од дожд за префектурите Сага, Нагасаки и Фукуока на Кјушу, повикувајќи ги жителите да бидат во состојба на „максимална тревога“.

Агенцијата денеска ја укина вонредната состојба малку пред пладне, но предупреди на поплави, лизгање на земјиште и надојдени реки низ цела Јапонија.