Во неможност да го модернизираат, на СДС и ДУИ полесно им е да го укинат задолжителното средно образование.  Нешто што во минатото беше задолжително и бесплатно, го направија неквалитетно, а сега ќе стане и незадолжително, истакна на прес-конференцијата Драган Попоски, член на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текс од прес-конференцијата:

Владата на Ковачевски размислува за укинување на задолжителното средно образование, а образложението е дека тоа е добро за економијата во државата. Како не едуцирани граѓани ќе бидат од корист за државата? Замислете, ова е ставот на владините министри во време кога светот го движат и развиваат интелектуалци и колку повисоко и поквалитетно образование имаш, толку повеќе си ценет.

Веројатно граѓаните со низок степен на образование ќе бидат од корист само за власта, која мисли дека полесно ќе ги манипулира доколку не се доволно писмени. Тоа е потценување и навреда! Наместо да им понуди што повеќе можности и опции за едукација, Владата им вели дека доволно им е деветтолетка за да успеат во животот.

Податоците велат дека и онака во регионот имаме највисока стапка на осипување на ученици од средните училишта. Практично 78% од една генерација средношколци го завршуваат ова образовно ниво. И наместо тоа да се подобри, фокусот да биде ставен особено на дуалното образование со кое би се насочиле и квалификувале нови кадри, се размислува за незадолжително средно образование.

Ветуваме дека оваа идеја ќе биде спречена. Наскоро доаѓаат промени и нова Влада која навистина ќе се грижи да имаме квалитетен образовен систем, затоа што ова општество треба да се развива врз база на знаење, и треба да се вложува во знаењето на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ