Резервациите за туристичко сместување во Хрватска, поради ситуацијата во Украина, цените на горивото, инфлацијата и поскапувањето, оди бавно и е за 20 отсто помала, во споредба со 2019 година, информираше денеска министерката за туризам и спорт Николина Брњац, јави Хина.
На прашањето дали цените на горивото и состојбата во Украина ќе ги стопираат резервациите, таа одговори дека оди бавно, но, нема застој.
– Се разбира дека влијаат геополитичката ситуација, порастот на цените и инфлацијата, но, нема застој. Оди побавно и според некои информации, за 20 отсто е помала во споредба со истиот период во 2019 година. Сепак, можеме да бидеме задоволни со сегашната состојба, појасни министерката.