Кина ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 1,57 милиони долари за Украина, „во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата и од потребите“, информираше денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претходно, овој месец, Кина ја обезбеди својата прва хуманитарна помош за Украина, во вредност од 790.000 долари.