Министерот за исламски работи на Саудиска Арабија, Албдулатиф ал-Шеик, нареди стишување на озвучувањата поради бројните поплаки на граѓаните од муслиманска вероисповед за прегласните звучници на џамиите.

Одлуката на ал-Шеик не пропишува максимален број децибели на бучност, но одредува дека звучниците смеат да бидат пуштени на една третина од нивниот максимум.

Одлуката е построга во однос на дозволеното користење на звучниците кои може да се употребуваат само за повикување на молитва, а не за пренесување на целата проповед.

Министерот објаснува дека Саудијците се жалат оти гласните звучници ги вознемируваат децата и возрасните.

– Тие што сакаат да се молат не треба да го чекаат повикот за молитва од имамот. Тие претходно треба да се веќе во џамија, вели ал-Шеик.

Тој дополнува дека неколку ТВ канали ги пренесуваат молитвите и рецитирањето на Куранот, заради што гласните звучниците имаат многу ограничена намена.