Главниот и одговорен уредник на српскиот весник „Информер“, Драган Вучичевиќ, кој важи за близок на српскиот претседател Александар Вучиќ и на неговата Српска напредна странка, испрати остра порака до Зоран Заев.

Во пораката, како што објави порталот Република, Вучичевиќ искажува лутина и гнев што Заев во интервјуто за БГНЕС ги прикажал Србите како окупатори, а Бугарите како ослободители.

– Каков бедник е овој Зоран Заев, неверојатно е! Бугарите ве ослободија, а ние Србите ве поробивме, Бугарите антифашисти, а ние Србите фашисти?! Човеку, дали си нормален?! – прашува Вучичевиќ.

За неговата остра порака до Заев, во Белград коментираат дека не можело да се случи без да знае и да даде одобрување српскиот државен врв.