Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба го поздрави нашиот Јане Велковски по неговото обраќање на Самитот за ОН во Њујорк.

Тој на социјалните мрежи стави слика од Јане, и испрати порака: „Горд сум на тебе“.

Погба се запозна со Јане за време на европскиот Суперкуп во Скопје кој се одржа пред две години.

Јане на покана на Погба беше специјален гостин на Манчестер јунајтед.

Јане е цар и гордост на Македонија затоа што испрати силна и моќна порака по повод Светскиот ден на детето и тоа директно од глобалниот самит на ОН во Њујорк, каде го запозна и Дејвид Бекам.

А Пол Погба е цар бидејќи не го заборавил после онаа средба на Олд Трафорд.