Медиумската пропаганда се обидува да ја поттикне излезноста на референдумот со објавување лажни вести дека излегле на гласање политичари кои тоа го демантираат.

Таков е и случајот со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, за која повеќе портали објавија „вест од сигурни извори“ дека таа гласала денеска на референдумот.

Пратеничката Пешевска ги демантира овие информации. Таа во изјава за Курир рече:

– На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави Пешевска.