И генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Јанушев нема да гласа на референдумот.

Како што објави порталот Република, секој во ВМРО-ДПМНЕ да постапи по сопствено убедување на овој референдум, порталот дознава дека и Јанушев нема да излезе да гласа:

– Јас се одлучив за Македонија и практично неизлегувајќи го кажувам мојот револт кон предавничкиот договор со кој се сака да се понижи Македонија. Власта треба да сфати дека ништо на сила не може да помине, и ниту едно манипулативно прашање нема да може да ја покрие штетноста на договорот. Затоа јас одлучив да не гласам на референдумот, вели Јанушев.