Заради Заев горивата од денес поскапи, а во Собранието турка уште едно поскапување од 4 денари, се нагласува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во последните 4 години цените на горивата само заради Заев, како зголемување во вид на даноци и акцизи се покачени за 10 денари. Заев деновиве сака да истурка уште еден данок на горивата кој ќе значи покачување на нивната цена од цели 4 денари, со што само заради Заев ќе плаќаме 14 денари поскапи горива, се вели во соопштението.

Натаму во реакцијата се додава:

-Овие пари кои ги собира Заев одат во буџетот, а од таму се трошат за тендери, за набавки каде често се плаќа и двојно за одредена услуга или ствар, и така се краде народот два пати. Доколку не беа сите овие покачување на горивата, стопанството и земјоделието ќе имаа поконкурентни производи, а граѓаните ќе имаа повеќе пари. Заев не го интересира доброто на сите, тој само гледа како да го наполни буџетот, затоа тој троши, а народот преку поскапи горива плаќа. Време е да запре расипништвото. Време е за Македонија за сите луѓе!- се вели во соопштението.