Според последните податоци, бројот на утврдени заразени во светот од Ковид19 изнесува 1 016 413 лица. Бројот на починати изнесува 53 236 лица. Опоравени 213 135. 712 385 се во средна состојба, а 37 665 во критична.
Во Македонија вкупната утврдена бројка на заразени е 384 лица. Вчера беа потврдени 30 нови случаи.
Најголем број од новопријавените случаи на коронавирус се со место на живеење во Скопје.
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (n=8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 17 машки лица. Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.
Според место на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 16 градови: Скопје (195), Куманово (62), Дебар (47), Прилеп (21), Штип (15), Тетово (13), Струга (9), Велес (6), Битола (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Гевгелија (2), Крива Паланка (2), Гостивар (1), Струмица (1) и Кочани (1) .
На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (35).