Не успеавме да ја добиеме битката во име на Тоше. Младото момче почина синоќа.
За Тоше Илиевски имаше објавувано голем број на апели за помош, се бореше со тешка болест и Македонија се сплоти да го излечи.
За жал, неговата битка сите ја загубивме. Со последниот свој пост Тоше не ,,тресна,, од земја. Ни ја кажа ,,голата,, вистина која сите ние ја знаеме а голем дел од нас ја имаат почуствувана и на своја кожа. Тоше, во последниот свој пост, пишуваше за мизерната состојба во која се наоѓа македонското здравство.
Ова е последниот пост на Тоше Илиевски. Момчето кое само собираше пари и апелираше да му се помогне да замине на лекување во Турција почина. Еве како пишуваше на социјалните мражи а неговата слика со молбата за помош ја имаше насекаде. Но не успеа да замине на лекување. Почина од тешката болест. А му беа потребни 32 000 евра. Ова беше неговиот последен апел.
Последниот пост на Тоше, кој синоќа почина.
Не го познавав добро но секогаш бил насмеан каде и да сум го сретнал.
Жално е другари да се случува ова во 2019 година… pic.twitter.com/SNitDwSWA5— Забушант (@batekiko) April 19, 2019
Од Хематологија излегоа со соопштение и некои детали за неговата смрт.
„Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски“, соопштија од клиниката
„Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандрадниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија така и во сите останати европски и светски хематолошки центри“.
„Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите. За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на овој вид болести“, стои во соопштението на клиниката за хематологија.
Тоше почина вчера откако не се собраа потребните средства за да биде испратен во Турција, поточно 32.000 евра.