Во Охрид поставена е нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“, кој е подигнат како спомен на загинувањето на бугарските туристи во бродската несреќа, откако истата беше вандализирана од непознат сторител.

Споменикот „Солза на Роза“ беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Бугарски туристи настрадаа на 5 септември 2009 година.