Попладнево пред Основниот суд Скопје 1 почна да се поставуваат метални барикади.

Неофицијално причина е утрешното изрекување на пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“ и можни протести пред Судот.

На социјалните мрежи веќе кружат повици за протести утре пред Основниот суд.