Дел од граѓаните кои протестираа против францускиот предлог остануваат вечерва пред Влада.

Тие поставија и шатори, а други дојдоа со своите возила.

Како што беше кажано, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот.

Дека е можно да се останува пред Владата, најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Голем број граѓани и денеска присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.