Мрежест питон долг 2,7 метри, кој би можел да изеде човек, му побегна на неговиот сопственик во Кембриџ во источна Англија и сега слободно се шета по Универзитетот.

Откако полицијата примила дојава дека змијата е видена вон своето живеалиште, покрената е потрага.

Мрежестите питони не се отровни и ретко напаѓаат луѓе, но една возрасна единка може својата вилица да ја отвори дотолку широко, за да може да проголта човек.

Овој вид питон расте и до 9,6 метри во должина, што го прави најдолгата змија на светот. По потекло, ова животно е од Југоисточна Азија.