Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше објавите дека пратеникот на Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи се пожалил на злоупотреба на неговиот потпис и дека ќе го повлече истиот.

„Потписот на Скендер Реџепи стои на иницијативата за промена на оваа влада и јас верувам во неговата чесност и искреност да падне оваа корумпирана влада.

Затоа најдобар демант ќе биде иницијативата која ќе биде поднесена до македонскиот парламент утре најдоцна до 14 часот“, рече Мицкоски.