Потврдени се 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница во 29 земји ширум светот, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центрите за контрола и превенција на болести).

Најголем број заразени има во Велика Британија, каде се пријавени 225 случаи. На второ место по бројот на заразени е Шпанија со 186 случаи, а на трето Португалија – 143 заразени.

Соединетите Американски Држави се рангирани на осмото место по бројот на заразени со 24 потврдени случаи.

Заразени со мајмунски сипаници има и во Канада, Германија, Франција, Холандија, Италија и Белгија.