Училишта во Белград денеска повторно добиле дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми.

Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби.

Децата и вработените се евакуирани од училиштата.

Во изминатите денови зачестија анонимните дојави за бомби во белградските училишта, а МВР на Србија во петокот соопшти дека при детален преглед не била откриена ниту една експлозивна направа.